сабота, ноември 8, 2025
9.8 C
Skopje

ДКСК ќе ја одржи 97.седница

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 97-та седница.

На дневен ред се предлог записниците од претходните 95-та и 96-та седница на Антикорупциската комисија,  Програма за работа на ДКСК за 2024 година, Годишниот план за следење на имотната состојба и интересите за 2024 година, Годишниот план за антикорупциска проверка на легислативата за 2024 година, како и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за имотната состојба и интересите.

Членовите на ДКСК ќе ги разгледаат и Функционална анализа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Антикорупциска програма за јавни претпријатија и АД во државна сопственост, Усвојувањето акти огласно Законот за заштита на личните податоци, постапување по конкретни предмети, како и постапувањето по пријави од укажувачи.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови