На електронските адреси на 19 училишта во Скопје попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од Министерството.
Како што посочуваат, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.