Според последните информации објавени од Државната изборна комисија, до 15:00 часот на гласање излегле над 32 отсто од граѓаните на Република Македонија.
Општина Новаци и натаму на врвот по бројот на излезност, 59.68 %. По Новаци со надминати 50% следуваат Демир Хисар 55,28%, Лозово 54,04%, Карбинци 51,71%, Вевчани 51,25%.
Во пресекот во 13:00 часот излезноста изнесуваше нешто над 20% на ниво на целата држава.