сабота, ноември 2, 2024
22.8 C
Skopje

Државата ќе поведе спор против компанијата која ја напушти изградбата на пругата кон Бугарија

Државата ќе поведе спор против компанијата „Вибе“ која ги изведуваше градежните работи на пругата Куманово – Бељаковце, а која во меѓувреме ги собра градежните машини, и замина оставајќи ги работниците без последните две плати и пругата недовршена.

Како што рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, причините за напуштањето на изградбата се познати само на изведувачот и за тоа испратиле писмо до кабинетот.

– Причините кои се наведуваат за нас се крајно неприфатливи и затоа на вчерашната седница на Владата, зазедовме став, Владата даде сериозен мандат согласно залучоците на ЈП ЖРСМ Инфраструктура да ги презеде сите мерки во делот на ангажирање на адвокатски куќи, но и сите потреби поврзани со банкарски гаранции, изјави Сугарески.

Аргументите се на наша страна, појаснува министерот, кој вели дека пругата требала да биде завршена во февруари.

– Нашите очекувања се дека без разлика дали ќе има арбитража, тој спор како држава да го добиеме, но и да овозможиме простор тие преостанати 55 проценти да продолжат со изградба се со цел во најбрз можен рок пругата да биде завршена, бидејќи во моментот се евалуираат понуди за втората делница од Бељаковце до Крива Паланка и таа динамика не смее да застане, појасни Сугарески.

Изградбата на пругата Куманово-Бељаковце започна во март 2014 година, со првично ветување на тогашната влада дека проектот ќе биде изведен во рок од две години.

Германската компанија „Вибе“ ги одбиваше сите контакти со медиумите со цел да ги појасни случувањата и причините зошто преку ноќ го напушти проектот и замина.

Наслов: Државата ќе поведе спор против компанијата која ја напушти изградбата на пругата кон Бугарија

Најава: Државата ќе поведе спор против германската компанија „Вибе“ која ја напушти изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце. Причините засега остануваат нејасни, додека во меѓувреме работниците кои работеа на проектот останаа без двете последни плати.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови