вторник, декември 3, 2024
8.8 C
Skopje

ДУИ: Ниту една реакција за секојдневните жртви на детска клиника

Демократската унија за интеграција бара одговорност од министерот за здравство и директорот на детската клиника за секојдневните смртни случаи на бебиња во болниците со кои раководат Изет Меџити и Арбен Таравари.

Болниците се претворија во пекол за пациентите каде секојдневно умираат бебиња, додека Таравари шета низ светот и не чувствува никаква одговорност.

ВЛЕН, Изет Меџити и Арбен Таравари реагираат само кога ќе им се наруши кумството со коцкарскиот бос во земјава, нивниот најголем поддржувач.

Секогаш кога Таравари е министер за здравство, смртта на пациентите станува секојдневна појава.

ВМРО –  ДПМНЕ го нарече Арбен Таравари министер за смрт и најкорумпиран човек.

Мицковски денеска мора веднаш да ги разреши Таравари и директорот на клиниката Мемеди за да ги спаси граѓаните.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови