петок, октомври 11, 2024
17.8 C
Skopje

Експерти од МАНУ пресметаа: Пикот на Ковид-19 на почеток на мај со 1.100 заразени

Максималниот број на инфицирани од коронавирус во земјава се очекува да се случи во почеток на мај со околу 1.100 заразени, предвидува истражувањето на Македонската академија на науките и уметностите што го изработиле претседателот на Академијата Љупчо Коцарев и Петар Јовановски.

Коцарев во текст за поратлот Факултети мк вели дека заедно со Јовановски изминатиот месец изучувале епидемиолошки модел преку кој ја добиле речиси истата слика со која сега се соочуваме во реалноста – бројката на заболени лица со коронавирус, бројот на смртни случаи и слично.

Овие резултати се пооптимистички во однос на предвидувањата на здравствените власти дека врвот на епидемијата ќе се случи кон крајот на април со околу 2 000 заразени.

– Сакам да подвлечам дека моделите, иако не се најточни, содржат претпоставки и апроксимации, и градат можни сценарија, сепак, се моќна алатка за разбирање на неизвесното и помагаат при донесување правилни одлуки – вели Коцарев во текстот.

Тој открива дека бројките на заразени и умрени добиени со нивниот модел се скоро идентични со актуелните бројки.

Моделите кои ги користели во Академијата се предложени од Империјал колеџот во Лондон и Универзитетот „Оксфорд“.

„Во првата класа на модели, именувани како Bayesian хиерархиски модели, се користат методи од статистика и машинско учење, додека втората група на модели, познати под името обопштени SIR (Susceptible-Infected-Recovered) модели, се базираат на теоријата на динамички системи.

Првичните резултати од SIR моделот во кој се внесени податоци до 8 април 2020 година и за 9 април моделот предвидува вкупно 669 заразени, додека според реалните податоци тој број изнесува 663,

Анализирајќи ги податоците од графиконот, Коцарев вели дека според моделот, максималниот број на инфицирани се очекува да се случи на почеток на мај со околу 1.100 зразени, но притоа не дефинира бројка на починати и оздравени. Сепак, укажува дека тоа се прелиминарни бројки.

– Уште еднаш би сакал да потенцирам дека ова се прелиминарни резултати и се однесуваат само на еден модел. Прелиминарните резултати на овој и другите модели, несомнено, укажуваат дека сме на добар пат во сузбивањето и намалувањето на епидемијата во нашата држава – вели Коцарев.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови