понеделник, март 24, 2025
8.8 C
Skopje

Ердоган ја разреши турската амбасадорка во Македонија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска со декрет ја разреши амбасадорката во Македонија, Тулин Еркал Кара, заедно со шефовите на турските дипломатски претставништва во неколку други држави, јави Хуриет Дејли Њуз.

Освен Кара, разрешени се уште 14 други амбасадори на Турција низ светот и тоа во Алжир, Бангладеш, Белорусија, Виетнам, Гамбија, Гватемала, Доминиканската Република, Естонија, Јордан, Казахстан, Туркменистан, Чад, Чиле и Шри Ланка.

Според декретот, на нивните места ќе се именуваат нови дипломатски претставници. Не се соопштува причината за ваквиот потег на Ердоган.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови