четврток, април 24, 2025
11.8 C
Skopje

Заев-Брнабиќ: Имаме заеднички интерес да реализираме транспортни, инфраструктурни и енергетски проекти

Потребно е повеќе критичко размислување и да се разбере дека регионот се менува, на Балканот се појавија млади политичари кои носат храбри одлуки. Ова се главните поенти од Четвртиот регионален форум за млади лидери, на сесијата насловена „Западен Балкан во 2030 година – визии, желби, реалности“, што се одржа во Нови Сад, а на која учествуваа премиерите на Македонија и на Србија Зоран Заев и Ана Брнабиќ, но и на повеќе експерти од регионот. Според Заев, во регионот е изградено видливо пријателство.

„Не е поентата само да бидеме членка на ЕУ, туку и да се реформираме. Во овој момент кога велиме дека сме разочарани од одлуката на Макрон, сакаме оваа мотивација да не води за да бидеме поефикасни во трансформацијата на општеството. Иницијативата мал Шенген го забрзува економскиот развој и нејзина цел е да испратиме порака дека можеме да направиме повеќе и тоа сами“. – Зоран Заев – премиер.

За подобрување на односите на Земјите од Западен Балкан, српската премиерка го спомена албанскиот премиер Рама кој направил тектонска промена што дојде во Србија иако можеше да го направи спротивното.

„Политичарите носат одлуки на основа на јавното мислење, но во регионот има млади политичари кои сакаат да донесат храбри одлуки кои не се во согласност со со мислењето на широките народни маси. Денес е нормално премиерот Рама да дојде во Србија, ние да одиме во Албанија. До пред пет години тоа беше преседан. Голем проблем е што брзо го гибиме памтењето“. – Ана Брнабиќ – премиерка на Србија.

Останатите соговорници потенцираа дека за да се надминат пречките во регионалната соработка потребно е да се надминат несогласувањата меѓу земјите од Западен Балкан.

На средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ стана збор и за акцискиот план за имплементација на декларацијата за унапредување на регионалната соработка која што иницијативата на Северна Македонија, Србија и Албанија, се донесе во Охрид, во проширен формат за да се засили спроведувањето на конкретните мерки за 4-те слободи, односно слободниот проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, што е во согласност со повеќегодишниот Акциски план усвоен на Самитот за ЗБ во рамките на Берлинскиот процес и документите на ЕК, и што треба да помогне кон забрзувањето на интеграцијата на Регионот и полноправното членство во ЕУ.

Инфрструктурното поврзување како дел од регионалната соработка добива се по нагласена димензија, и во таа насока, на средбата во Нови Сад премиерите Заев и Брнабиќ се согласија де е потребно двете земји да ја интензивираат комуникацијата за идентификација на заедничките интереси и заеднички настап заради добивање поддршка за реализација на транспортни, инфраструктурни и енергетски проекти и иницијативи од обостран интерес, со регионален предзнак.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови