недела, април 20, 2025
6.8 C
Skopje

Заев го одби барањето за ратификација на Протоколот

Премиерот Зоран Заев смета дека земјата не треба да брза со предвремено ратификување на протоколот за пристапување во НАТО. Според него, мандатарот за формирање на Влада во Шпанија, Педро Санчез, ветил дека шпанскиот парламент ќе го ратификува протоколот кон средината на јануари. Заев посочува дека информациите дека Црна Гора го ратификувала протоколот пред полноправното членство, не се вистинити.

Во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, Заев додава дека предлозите за ратификација ги прави владата, и дека ВМРО-ДПМНЕ постапува политикантски знаејќи дека тоа нема да се случи.

Отфрлањето на иницијативата, според најголемата опозициска ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека Заев се плаши од избори. Пред неколку дена партијата на Христијан Мицкоски ја обвини владата дека тактизира со членството во НАТО, за да се одложат изборите закажани за 12 април 2020 година.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови