Ќе се ревидира Законот за јазици а власта ќе го почитува мислењето на Венецијанската комисија.
Ова го кажа премиерот кој вели дека целта е да се испочитуваат укажувањата на Комисијата за Законот за употребата на јазиците.
Она што го потенцираше Заев е дека ќе биде дадено конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите и истото потоа ќе биде испратено за донесување во Законодавниот дом.
-Венецијанската комисија е добар репер на сите законски решенија, пред се од областа на правото, но и во ова законско решение каде тоа можеме да нарушиме одредени други права и вредности и е многу прецизна во делот на правосудството-посочи Заев.