сабота, април 26, 2025
11.8 C
Skopje

Замената на покривот на кумановските училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ ќе заврши во првиот квартaл од годинава

 

Родителите на учениците од кумановските централни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ реагираат дека сè уште не е почната санација на покривот. Дел од учениците настава следат во Гимназијата „Гоце Делчев“ бидејќи третиот кат е целосно нефункционален поради протекување на покривот. Поради врнежите, протекувањето и небезбедни услови, минатата недела учениците не следеа настава ниту на вториот кат.

Од Министерството за образование и наука за МИА денеска информираа дека постапката за јавна набавка за избор на економски оператор кој ќе изврши замена на покривот во ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Куманово е во тек и по завршувањето, односно по избор на најповолната понуда и склучување договор со градежна компанија, ќе започне реализацијата на активностите на терен.

-Очекувањата се постапката целосно да заврши во првиот квартал од годинава, велат од МОН.

Претходно реагираа и некои политички партии, меѓу нив и Левица, кои потенцираа дека учениците од втора смена следат настава со скратени часови.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови