По преземени мерки и активности за откривање на нелегална продажба на пиротехнички средства, полициски службеници од ЕВР – Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, денеска во 11.00 часот на улица „Јусуф Гарвала“ во Скопје пронајдоа 2.356 различни видови пиротехнички средства.
Од МВР информираа дека пиротехничките средства биле одземени, а по расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.