Нашите очекувања се дека ќе победат прогресивни сили кои државата ќе ја однесат напред и дека до 2030 година ќе ја видиме рамо до рамо со другите европски држави. Точно е дека во моментот постои некој триумфализам, но морам да кажам дека не е време за тоа ниту пак за несериозно и неодговорно однесување од политичарите бидејќи не треба да се прави попмпа од техничка влада која има за цел да спроведе фер и демократски избор, односно има техники, а не политички карактер, рече пратеничката Моника Зајкова во гостувањето на Студио 10.
-Оваа техничка Влада доаѓа како резултат на Пржинскиот договор во кој учествуваа четирите најголеми партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ДУИ, во тоа време. Така што, се наметна како нешто кое треба да го ослободи системот и да дојдеме до фер демократија, а не да правиме некаков си триумфализам. Не знам до кога ќе правиме триумфализам на вакви прашање, бидејќи просечниот граѓанин го интересира како секојдневието да го помине, да си ги реши проблемите, да има подобро здравство- вели за Зајкова.
Таа додава дека треба да дојде и крај на етничкиот клиентелизам, покрај партискиот бидејќи во нашето општество конечно треба да победи квалитетот, односно квалитетни луѓе со прогресивни идеи кои ќе ја водат државата напред кон подобро општество и подобар живот за граѓаните.
-Времето на триумфализам по однос на етнички прашања треба кончено да заврши, затоа што сепак живееме во 21 век. Кога одам на доктор не прашувам од кој етникум е докторот. Туку прашувам кој е најдобриот, додава претседателката.
Во однос на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Зајкова вели дека тие биле присутни во Собранието за време на изборот на техничка влада, но сепак мора да имаат попрецизни политички идеи кој е нивниот план за иднината, бидејќи се несериозни изјавите дека штом дојдат на власт тогаш ќе ги откријат.
– ВМРО-ДПМНЕ имаше доволно време да покаже и докаже за своето однесување и во собранието, но и во општините, а сега и во техничката влада. Во нормални демократски општества граѓаните ги избираат своите опции врз основа на политичка програма. Токму затоа е потребна сериозна дебата меѓу партиите и сериозен пристап кон овие избори за да не изгубиме и понатаму чекори на европскиот пат, вели таа.
Зајкова појаснува дека тие секако во идната влада би коалицирале со партии кои имаат слични начела и прогресивни идеи и кон се насочени кон ЕУ, а дека и досега останале некои предлози кои не се изгласани и кои би сакале во иднина да се сменат, а тоа е една изборна единица, реформи на судскиот систем итн.
– Во зависност од изборните резултати ние како партија ќе преговараме покрај заедничките цели и за нашите програмски цели, односно промена на законски решенија и реформи за подобро функционирање на државата во корист на граѓаните, на крај и за раководни и министерски позиции, потенцираше Зајкова.