четврток, ноември 7, 2024
2.8 C
Skopje

За време на продолжениот викенд без ДДВ ќе можете да вратите до 4.500 денари

Продолжениот викенд за 11 октомври ќе биде викенд без ДДВ.

Владината мерка „Викенд без ДДВ“ како мерка за поттикнување на купувачката на домашни производи и заживување на економијата по кризата која настана поради болеста, беше најавена уште пред неколку месеци, а конечно на 10, 11 и 12 месецов ќе биде и остварена.

За таа цел Владата на вечерашната осмама седница, меѓу другото го утврди Предлог-законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по предлог на Министерството за финансии.

Како што се наведува во соопштението од владината седница, со измената и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба се создава можност физичките лица кои се пријавени и се корисници на апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи преку која се пријавуваат фискалните сметки, да го добијат данокот назад.

Сите граѓани кои имаат пристап до апликацијата Мој ДДВ ќе можат во тој викенд да остварат поврат на ДДВ на сите македонски производи и компјутерска опрема за сметки кои вкупно нема да надминат 30.000 денари, што значи дека секој граѓанин во тој викенд ќе може максимално да врати 4.500 денари доколку ја потроши максималната сума. Со тоа се надминува вообичаената сума од 12800 денари која се добива преку самата апликација за едно тромесечје.

– Заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги како заради зголемена дигитализација на нашето општество враќањето на целиот износ на ДДВ-то ќе се однесува за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30.000 денари по лице за сите фискални сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври 2020 година, се додава во соопштението на владината прес-служба.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови