сабота, декември 14, 2024
-0.2 C
Skopje

За две недели ќе се знае колку ќе поскапи струјата

За околу две недели ќе се знае дали и колку ќе има зголемување на цената на електричната енергија. Првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимовски вели дека прво очекува да ги добие пресметките од енергетските компании. Откако ќе завршат тендерите за набавка на електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ и  да се види колкави ќе бидат загубите од набавките на МЕПСО  и ЕСМ потоа ќе се знае и колкави ќе бидат нивните побарувања за зголемување на цените.

„Доколку на тие тендери има екстремно високи цени што е многу веројатно бидејќи денеска во моментов цената на ХУПЕКС е нешто над 400 евра за мегават час, ќе видиме дали тогаш ќе има потреба повторно ЕСМ да дава далеку пониска цена за загубите отколку таа што би била на слободниот пазар на електрична енергија“, вели Марко Бислимовски.

Иако имаше шпекулации за измена на блоковите, Бислимовски рече дека тоа нема да се случи и дека тие натаму остануваат да важат истите и во текот на идната година. Истакна дека со досегашните податоци кои ги имаат, се покажало позитивни резултати.

„Резултатите кои што ги имаме од јули до октомври се добри, имаат преку 16 проценти намалување на потрошувачката. Сепак тоа се месеци кои што имаше влијание и поладно беше времето и немаше потреба од клими, не се најбитни, најреферентни месеци. Во однос на цените на домаќинствата факт е дека преку 99,5 проценти влегуваат во трите блока“, посочи Марко Бислимовски.

Бислимовски тврди и дека во идната година потребите од увоз на електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинствата ќе бидат нула денари.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови