За годинешната прослава на националниот празник Илинден, делегацијата во Крушево ќе ја предводи претседателот на Собранието Талат Џафери, на одбележувањето во Пелинце ќе оди претседателот на државата Стево Пендаровски, а во Скопје премиерот Оливер Спасовски.
По повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година, на 76 седница Владата заклучи Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година да го предводи премиерот Спасовски, а во одборот да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на премиерот и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата, соопштија од Владата.
„Оваа година делегација на Владата на Република Северна Македонија по повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Скопје ќe ја предводи претседателот на Владата, прославата во Крушево ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, а прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Пелинце ќе ја предводи и ќе се обрати претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, пишува во објавата од Владата.
Со заклучок на седницата е утврдена и владината делегацијата по повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Смилево.