четврток, април 24, 2025
14.8 C
Skopje

За рекетот Камчев прво пријавил кај директорот на УБК, Николовски

Бизнисменот Орце Камчев веќе втор час сведочи за случајот „Рекет“ во Кривичниот суд.

Раскажувајќи, како наводно, бил рекетиран и како осмислил да обезбеди докази, кажа и дека прв за се што се случува бил известен тогашниот директор на УБК, Горан Николовски Џони.

-Се мислев на кого да пријава, кога сите беа вмешани. Имам познатство со Горан Николовски, тогашен директор на УБК. Пријавено е кај него и евидентирано. Кога ги дадов парите, еден милион евра, уште еднаш пријавив кај Николовски во УБК. Тој ми даде многу добар совет. Да зачувам се, хард дисковите, сите уреди кои сум ги користел за снимање. Ми рече и дека единствена личност на која може да и верувам е обвинителката Вилма Русковска, рече Камчев.

Судењето е во тек.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови