четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

За Талат Џафери изјавата на Вучиќ дека Курти ќе ја победи ДУИ е во насока на постојаната пропаганда

Техничкиот премиер Талат Џафери на настанот во тетовско Селце на новинарско барање ја коментираше изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека намерата на косовскиот премиер Албин Курти е да го победи Али Ахмети и ДУИ и по парламентарните избори во мај да биде дел од власта во земјава.

Според Џафери, изјавите на Вучиќ и другите се во рамки на општа пропагандистичка кампања која се први од многустрани.

– Божем многу се загрижени за судбината на Али Ахмети и ДУИ, а во суштина се против колективните интереси на Албанците овде. Но граѓаните тоа го разбираат соодветно на што се однесуваа „душегрижност“ на изјавителите на тие изјави, а во суштина и децата во колевка си знаат дека тоа се работи индиректно фактички се иницира, незадоволство кон божем ДУИ, а во суштина е попречување на она што се проекции за достигнување на оние цели за коишто програмски е определено присуството, работата и живеењето на Албанците како колективен народ овде во Северна Македонија и во тој контекст дека е дел од интензивната пропагандата којашто се прави и од надвор и од внатре, изјави Талат Џафери.

Дел од владините министри од редовите на ДУИ, заедно со техничкиот премиер денеска во тетовско Селце присуствуваа на поставување на камен – темелник за нов објект за ООУ „Рилиндја“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови