вторник, февруари 11, 2025
4.8 C
Skopje

Зголемен водостојот на Преспанското и Охридското Езеро, намален на Дојранското

За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, а за исто толку е намален на Дојранското Езеро, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа нивоата на Охридското и на Дојранското Езеро се повисоки од повеќегодишниот просек за декември и тоа за 5 сантиметри кај Охридското и за 1,67 метри кај Дојранското Езеро, додека водостојот на Преспанското Езеро е за 1,8 метри понизок од просечниот.

Пониски од просечните се и нивоата на поголем дел од реките во земјава и најчесто бележат благо намалување во споредба со вчера.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови