четврток, април 17, 2025
22.8 C
Skopje

Земјотрес предмалку ја стресе Босна, почувствуван и во Македонија

По низата земјотреси со епицентар во Албанија, денеска во 10 часот и 20 минути регистриран е замјотрес и во Босна и Херцеговина.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот го почувствуваа и македонските граѓани. Епицентарот беше на подрачјето на Херцеговина, 11 километри од Невесиње и 77 километри јужно од Сараево, на длабочина од 10 километри. За сега нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови