Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во гостување во летното издание на „ClickPlus“ на ТВ21 вели дека партијата е таа што одлучува кој ќе биде, а кој не на одредена фунцкија.
„Не сум опседнат со функции. Секој политички ангажман ми е базиран на тоа колку може да се помогне во остварување на целите и програмата на политичката партија. Ако раководството е тоа, оценува кој е корисен, кој не и јас ги почитувам таквите одлуки“, вели Попоски.
Попоски вели дека не одлучувал за тоа дали ќе има или не било каква функција.
„Јас не сум професионален политичар кој се занимава само со политика но се што можам да придонесам бидејќи верувам во таа идеологија за успешна европска Македонија, го правам без разлика дали имам или не функција“, рече Попоски.
Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!
Поранешниот министер за надворешни работи, Попоски, не одговори дали би се вратил доколку му биде понудена функција во извршната власт.