вторник, мај 13, 2025
17.1 C
Skopje

Инспектори шест години не влегле во студентските домови за да проверат какви се условите

Државниот просветен инспекторат шест години не извршил инспекција во студентските домови, иако има законска обврска тоа да го прави еднаш годишно. Државната ревизија во Инспекторатот за 2023 година открила низа пропусти во работењето на овој орган. Според извештајот на ДЗР,

Инспекторатот од 2017 година не контролирал како се примаат студентите, колкумина се сместени во домовите и какво е сместувањето.

„Со ревизијата, утврдено е дека последниот инспекциски надзор бил извршен во 2019 година, по што не се извршени нови контроли, ниту се изготвени записници за извршени надзори. Недостигот на редовни и вонредни контроли во процесот на прием, евидентирање и сместување на студентите, како и на точноста на податоците во документацијата на студентските домови, го оневозможува нивното правилно функционирање и исполнување на целта за обезбедување соодветни услови за студентите“, пишува во извештајот.

ДЗР констатирал и дека Државниот просветен инспекторат имал недоволен број инспекции и во воспитно-образовните установи, што придонело до намалена ефикасност во нивното оценување. Во 2023 година биле извршени само половина од планираните надзори, за што во извештајот се вели дека причината е големиот недостиг на кадар во Инспекторатот, во кој фалат дури една третина од потребните вработени. Ова е најизразрено во општините Гостивар, Кавадарци, Охрид и Ресен, каде инспектори се пензионирале, а потоа не биле заменети со нови.

„ДПИ располага со 138 систематизирани работни места, 100 се пополнети, што значи дека една третина од потребниот кадар не е пополнета. Најизразен недостаток има во Секторот за инспекциски надзор и оценување на квалитетот, каде што недостасуваат просветни инспектори, што ја отежнува реализацијата на основната дејност, а посебно за подрачјето на општините Охрид, Гостивар, Кавадарци и Ресен, поради пензионирање на просветните инспектори. Исто така, дел од нововработените инспектори не ја завршиле неопходната обука, што носи ризик за грешки и слабости во работењето. Заедно со недостигот на техничко-административен кадар, овие проблеми ја нарушуваат ефикасноста на инспекцискиот надзор и ја отежнуваат неговата целосна примена“, се вели во извештајот на ДЗР.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови