вторник, февруари 11, 2025
4.8 C
Skopje

Инцидент на централната свеченост за Водици во Штип

Наместо чин на осветување на водите на река Брегалница, тепачка кој ќе го земе светиот крст. Неколкумина скокачи по крстот буквално се бореа во студените води на Брегалница во штипската населба 8-ми Ноември.

По неколку минути натегање крстот го зеде тој што не стигна прв до него и покрај опомените од црковните лица кои целиот инцидент го следеа од камениот мост.

Разумот или срамот преовладаа, па на крајот и по сугестија на свештениците крстот му припадна на Наумче Балевски. Оваа година без проблеми се фрлаше светиот крст во Брегалница, кај штипско Ново село, таму најуспешен беше 29 годишниот Антонио Станков.

Но, токму во штипско Ново село пред шест години се случи голем скандал. Тогаш крстот од рацете и го украдоа на Борислава Васкова која беше најбрза и го извлече од реката. Крадецот подоцна беше пронајден, а инцидентот беше поттик за снимање на филмот „Господ постои името и е Петрунија“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови