среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРСМ, откако месецов неовластено заради продажба од засега непознато лице набавил наркотична дрога – хероин и  марихуана, осомничениот заради продажба ги  држел, ги мерел, ги дробел и ги препакувал во својот дом на улицата “Васил Ѓоргов” во Скопје.

-На 7 февруари, при претрес во домот му биле пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето маса од 13,49 грама. Во станот биле пронајдени и апарат за мелење шеќер на кој има остатоци од кокаин и хероин, бидејќи го користел за дробење и ситнење на дрогата во прашкаста материја, дигитална вага на која ги мерел наркотичните дроги, како и други предмети со траги од дрога кои ги користел за мешање.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото, но и да ја попречува постапката со влијание врз сведоци и евентуални соучесници, стои во соопштението.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови