вторник, мај 13, 2025
17.1 C
Skopje

И Деспотовски поднесува кандидатура за ЛИДЕР на СДСМ

Во моментов актуелниот директор на Дирекција за Технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во партиското седиште и официјално ја поднесува својата кандидатура за претседател на владејчката СДСМ.

Тој вчера најави дека сериозно размислува да се кандидира, но дека прво сака да се консултира и со семејството.

-Утре ќе ја соопштам конечната одлука. Сакам да се консултирам и со семејството. Сепак ги вовлекувам во ова. Сметам дека имам резултати и можам да понудам добар концепт. Не е лесна одлука, напротив е комплицирано време и треба да е со концепт и знаење – изјави Деспотовски.

Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски се другите тројца кандидати кои веќе ги поднесоа кандидатурите за претседател на СДСМ.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови