вторник, април 29, 2025
21 C
Skopje

И обвинителите од СЈО ќе сведочат за „Рекет“

По бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана и тројцата бизнисмени кои денес сведочеа во „Рекет“, во судница треба да се појават и обвинителите на СЈО. Сведочењето на обвинителите е на предлог на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

По завршување на денешното рочиште за „Рекет“ судијката Васка Николовска Масевска даде неколку датуми за следни рочишта за случајот.

На рочиштето закажано за 3 јануари судијката Масевска рече дека ќе биде повика обвинителката Елизабета Јосифовска која работеше во тимот на Катица Јанева.

Јосифовска е обвинителката која имаше овластување да ги потпишува документите во име на тогашната шефица, Јанева.

Таа заедно со обвинителката Ленче Ристовска е задолжена за чување на кутиите со предмети кои физички останаа во СЈО по преземањето на предметите од страна на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови