петок, октомври 11, 2024
24.8 C
Skopje

Казнет 181 возач во Скопје

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречена е вкупно 181 меркa во контролите во областа на сообраќајот.

Како што информира МВР, 23 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 17 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови