недела, ноември 16, 2025
-0.2 C
Skopje

Катица и специјалните обвинители да ги вратат парите, бараат дел од политичатрите и невладините

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да дадат оставки и да ги вратат парите на народот, побараа од Граѓанската организација ЦИВИЛ. На денешната прес-конференција, на која организацијата одбележа и 20-годишен јубилеј, претседателот Џабир Дерала изјави дека ЦИВИЛ ќе покрене иницијатива за враќање на бонусите што ги зеле Катица Јанева која е во домашен притвор за случајот „Рекет“, за сите останати обвинителите, како и за вработените во оваа институција.

Претходно и ВМРО -ДПМНЕ побара обвинителите да ги вратат парите, иако нагласија дека се сомневаат Јавното обвинителство ќе отвори случај и ќе спроведе темелна истрага поради сомнеж, како што велат оттаму, дека е продолжена рака на власта. Сепак, ЈО вчера соопшти дека ќе ги испита сите околности и факти за исплатата на платите и додатоците, и доколку се утврди дека има основано сомневање за извршено кривично дело ќе се постапи согласно законот.

„Ваков скандал и доделување енормни суми како дополнителни додатоци не се случил во изминатите две децении. Корупцијата го достигна врвот“, рече претсетдателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови