вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Ковачевски: Ако „Балкан Јутилитис“ не испорачува гас согласно договореното, ќе ја активираме банкарската гаранција

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека ако евентуално бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ не испорачува природен гас согласно Договорот, ќе биде активирана банкарската гаранција.

Ковачевски најави дека идната недела ќе биде објавен јавниот повик за февруари и ги повика сите компании ресгиртирани во државата да достават понуди за снабдување со гас кои ќе бидат економски оправдани за ЕСМ и за Владата, а ќе има, како што напомена, и меѓународен повик.

-Уште при објавувањето на повикот за јануари наведовме дека компаниите кои ќе понудат количини и фиксна цена ќе треба да достават и гаранции за испорака на природен гас. Имаме добиено банкарска гаранција и за количините и за средствата, односно набавката на гас. Ако евентуално нашиот економски оператор не испорчаува природен гас согласно Договорот, ќе ја активираме банкарската гаранција која го покрива Договорот за јануари, истакна директорот, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на РЕК Битола.

Тој во моментов, баш денеска, не знае, како што рече, колку точно е цената на гасот на берзата, но претпоставува дека е пониска од фиксната цена по која е извршена набавката за јануари.

-Во моментот на носење на одлуката за избор на најдобар понудувач за природен гас за јануари имавме две понуди, од бугарската компанија „Јутилитис“ со фиксна цена од 115,97 евра за мегават час и од „Макпетрол“ со 116,20 евра за мегават час – цена која не е фиксна и може да претрпи корекции, и во плус и во минус. Дента, пак, кога се носеше одлуката берзанската цена беше 137 евра за мегават час, потенцира Ковачевски.

Според него, темата за набавката на гасот е актуелна речиси секој ден.

-Така беше и пред крајот на декември кога „Макпетрол“ достави информации дека од 1 јануари нема да ги снабдува потребните количини. Затоа се објави јавен повик и со либерализацијата на пазарот добиваме повеќе понуди за 2023 година. Точно е, донесовме одлука да имаме сигурно снабдување со природен гас во јануари пред се заради топланите и другите потрошувачи, подвлече директорот на ЕСМ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови