Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата Мако Mаркет, во скопската населба Пинтија, соопшти владината прес-служба.
Кoвачевски ќе биде придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски.