вторник, април 29, 2025
7.8 C
Skopje

Ковачки: Османи и Спасовски треба да се свесни дека само со изјави без преземање навремени мерки овозможуваат ескалирање на состојбите

Скандалозните изјави на Спасовски и Османи се доказ дека владата флертува со тие кои шират омраза и негаторски ставови кон Македонија.

Со ваквиот однос само се оправдуваат нивните неразумни чекори и барања, а тоа го прават само од ним познати причини. Секогаш кога власта попушта пред вакви работи имаат некој криминал кој сакаат да го сокријат и затоа се ранливи.

Спасовски и Османи треба да се свесни дека со вакви изјави и со непреземање на навремени мерки само овозможуваат ескалирање на состојбите и ризикуваат вжештување на односите помеѓу двете држави.

Недржавничкиот однос кој власта го покажува на дело кон сопствениот народ е најголемиот пораз кои може да и се случи на Македонија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови