среда, јануари 15, 2025
-0.2 C
Skopje

КОД: 700 тони РДФ отпад за УСЈЕ се уште чекаат транспорт од Солун за Мaкедонија

Ова се балите со РДФ отпад складирани во кругот на Цементарницата, стојат на неколку метри од постројката каде се ставаат. Вака изгледа системот по кој тие влегуваат во процесот на согорување. Денот кога снимавме беше сочев а во воздухот од овој оџак не се гледаше пареа туку само од оној кој согорува конвенционално гориво. РДФ-от се согорува на висока температура најмалку 1.500 степени а од УСЈЕ гарантираат дека ова е затворен систем кој не емитува штетни материи. РДФ-от е само 4% од енергенсите што ги согоруваат велат тие.

РДФ како алтенативно гориво го користи само Цементарница која единстена има дозвола од Министетртвото за животна средина за увоз на таков отпад. Но ова е само едно од повеќето алтернативни горива.

РДФ не е опасен отпад. Но бројни се примерите на злоупотреби. Под назнаката неопасен во балите да биде ставен опасниот отпад како што се случи со пратките кон Бугарија. Таму екологистите протестираа дека немањето регулатива и контрола ги стави во ризик граѓаните кои се жртви на италјанската мафија која неопасниот го меша со опасен и токсичен.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови