вторник, декември 3, 2024
6.8 C
Skopje

Комбе удри во жена дојдена на погребот на 11-годишната Магдалена во Велес – и тој возач избега

Нова сообраќајна несреќа во која е прегазен пешак се случи во Велес – и тоа токму на погребот на 11-годишното девојче Магдалена Иванова од Велес, која загина на пешачки премин во градот кога ја прегази пијан возач со „Мерцедес“. Во несреќата беше тешко повредена и мајката на девојчето.

Додека сѐ уште траел погребот, возач на комбе со струмички регистарски таблички удрил жена на улица во близина на гробиштата, по што и тој, исто како и возачот на „Мерцедесот“ кој ја усмрти Магдалена – избегал од местото на несреќата.

Возачот на комбето по кратко време бил пронајден од полицијата и уапсен.

29-годишниот возач, кој возејќи пијан, на пешачки премин пред три дена удри во девојчето и нејзината мајка, беше уапсен откако два дена бегаше. Во автомобилот со него имало уште тројца луѓе. Обвинителството го гони велешанецот и поради тоа што не застанал да им пружи помош на жртвите, туку продолжил да вози со несмалена брзина. На возачот денеска му е одреден 30-дневен притвор, откако судот во Велес го прифати барањето на Обвинителството.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови