недела, октомври 13, 2024
5.8 C
Skopje

Комисиска седница за амандманите за Предлог-деловникот на Собранието

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска треба да одржи седница на која на дневен ред е амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието.

Почетокот на расправата во петокот беше одложен за понеделник, поради дополнителни усогласувања и консултации со подносителите на амандамните, изјави во петокот  претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Панчо Минов.

Минов посочи дека седницата е презакажана за в понеделник во 14 часот.

За Предлог-деловникот се поднесени околу 2000 амандамни, најмногу од Левица, а амандмани имаат поднесено и пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и дел се од предлагачот, претседателот на Собранието Талат Џафери.

Консултациите помеѓу пратеничките групи и пратениците на Левица за амандамните почнаа уште вчера, а за нив се разговара и во текот на денешниот ден.

Најмногу од амандманите околу 1.850 се поднесени од Левица, но нема информација зошто се поднесени во толкав број и што бараат пратениците од оваа партија. Клучни се оние, како што неофицијално велат тие, за филибастерингот.

Претседателот на Собранието Џафери во четвртокот на брифинг со новинарите изрази очекување новиот Деловник да биде донесен со консензус и оти најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември.

Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.

Новиот Предлог – деловник на Собранието е резултат на петгодишни разговори меѓу пратеничките групи од овој и минатиот мандат коишто започнаа во рамки на Жан Моне процесот со посредство на неколкумина европратеници.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови