четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Конференција „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“

Во организација на Здружението на судии на Македонија денеска во Скопје ќе се одржи судиска конференција „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“.

Според агендата, поздравни говори ќе имаат амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Иван Џолев, претседател на Здружението на судии на РСМ, Александар Камбовски,  претседател на Судскиот совет на РСМ, како и Џемали Саити, в.д. претседател на Врховниот суд на РСМ.

На конференцијата ќе се разговара за предизвиците и проблемите со кои се соочува судскиот систем за ефикасно и економочно справување со приливот на предмети и потребата од дигитлана модернизација на работата во судовите, како и за самостојност и независност на судската власт но и за тоа како до финансиска и институционална стабилност.

Учесниците ќе расправаат и за улогата на Здружението на судиите во зајакнување на независноста и професионалниот интегритет нa судиската функција, а ќе бидат дадени и предлози и идеи за натамошни активности на Здружението на судии на РСМ

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови