петок, септември 20, 2024
15.8 C
Skopje

Левица бара разрешување на Гаши по 7 основи, од тоа дека неговото обезбедување репетираше пиштоли на аеродром, до молитва во Собрание

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска во Собранието поднесе интерпелација за отповикување на претседателот на Собранието Африм Гаши од функцијата по седум основи, меѓу кои и најновиот, насилното однесување на членови на неговото обезбедување на скопскиот аеродром, зашто косовската претседателка Вјоса Османи не давала да ѝ биде скениран мобилниот телефон.

„Спикерот Гаши јавно призна дека ја дал наредбата за интервенција во недозволена ареа“, кажа Апасиев за инцидентот.

Патем, по овој настан, Гаши навистина објави соопштение во кое наведе дека неговото обезбедување таму пристигнало за да ја смири ситуацијата. Во соопштението тој го прикри вадењето пиштол од страна на член на неговото обезбедување, вработен во МВР. Гаши исто така премолче дека овој член на неговото обезбедување турнал колега полицаец вработен во граничната полиција, кој бил на своето работно место.

Апасиев кажа дека интерпелацијата се поднесува и за повреда на секуларноста на државата, по молитвата во Собранието за Сребреница, како и за „илегална двојазичност“, како што рече на денешниот прес.

Според лидерот на Левица, причина за интерпелација е и дека сопругата на Гаши недозволиво патувала со него во Вашингтон.

„Очекуваме во септември спикерот Гаши да ја постави оваа интерпелација на дневен ред. Стоиме на располагање со поддршка да се изгласа нов човек од редовите на нивното владејачко мнозинство“, рече Димитар Апасиев.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови