петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Луна, Ана и Хана се избраните имиња за трите мали лавици во скопската Зоолошка градина

Луна, Ана и Хана се имињата на трите мали лавици кои се родија во Зоолошката градина во Скопје пред четири месеци.

Имињата ги добија преку јавен повик за „кумство“ до граѓаните на ЗОО Скопје преку Фејсбук. Освен на профилот на ЗОО Скопје на социјалните мрежи, граѓаните можеа да достават свои предлози за имиња и во кутиите кои беа поставени на влезот на Градината.

„Изминатите денови добивме над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана. Да ни се живи и здрави и да нè радуваат уште многу години“, е наведено во Фејсбук постот на Зоолошката градина.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови