вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Македонската заедница алармира: Бугарија врши тивка асимилација, создава вештачко малцинство

Во Албанија нема Бугари, а Софија се обидува да создаде вештачко бугарско малцинство, преку тивка асимилација на Македонците во Преспа, Голо брдо и Гора..

Бугарија се обидува на сите можни начини да изврши тивка асимилација на македонското малцинство во Албанија, Македонците се уценети да се попишат како Бугари на претстојниот попис кој ќе се одржи во октомври, алармираат претставниците на македонската заедница таму.

Првиот македонски пратеник во албанското собрание Васил Стерјовски и првиот човек на македонското здружение „Илинден“ во Тирана Никола Ѓурѓај за Канал 5 велат дека во Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник и други општини живеат само Македонци, Бугари ниту имало, ниту има. Според нив Софија вештачки сака да создаде непостоечко малцинство со тоа што ја користат немаштијата на Македонците и Албанците кои вадат бугарски пасоши за да заминат во странство.

Бугарската пропаганда според Стерјовски и Ѓурѓај особено се зајакнува и по барањето на македонските здруженија, албанската Влада да го прифати формирањето на Голобрдо и Гора како две нови општини во Албанија со македонско мнозинско население. Официјална Тирана е запознаена со антимакедонската пропаганда, но не ја спречува за да не биде попречена од Бугарија на патот кон ЕУ, велат тие.

Канал 5 побара, но до овој момент не добивме одговор од македонското МНР дали се запознаени со ваквите случаи за притисоци и уцени од Софија врз македонското малцинство и дали по дипломатски пат ќе реагира до официјалните власти во Тирана за да ги истражат ваквите наводи.

Македонците во Албанија и во 21 век живеат тешко, велат од македонските здруженија. Нема речиси никакви инвестиции па проблемите со недостиг на водовод, канализација, патишта, електрична енергија и понатаму се присутни, а тешко доаѓаат и до работно место.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови