недела, април 20, 2025
6.8 C
Skopje

Македонски автобус се преврте во Србија, има повредени

Македонски автобус околу 10 часот изутринава се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, пренесуваат српските агенции.

Според првичните информации едно лице е потешко повредено и веќе е пренесено во болницата во Прокупље, a 11 мина поминале со полесни повреди и се хоспитализирани во здравниот дом во Блаце.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е распределба на повредените.

Причините за несреќата сѐ уште не се познати, но локалните медиуми пренесуваат дека делницата на која автобусот излетал од патот веќе еден месец е во реконструкција.

Како што се дознава, крајната дестинација на патниците бил Копаоник.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови