вторник, декември 3, 2024
8.8 C
Skopje

МВР ќе проверува 500 функционери за потенцијални прекршоци

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ги провери информациите за 500 функционери за кои постојат индиции дека сториле нешто што не е во согласност со законските прописи во смисла на соодветни докази кои не соодветствуваат со потребни законски процедури.

Тошковски го изјави ова по прашањето дали МВР ќе го провери сертификатот за англиски јазик на директорот на АБН, Бојан Христовски, за кој постојат наводи дека е невалиден. Тој истакна дека МВР ќе постапува согласно законските прописи и дека се преземени процесни дејствија во неколку постапки.

– Во изминатиот период од МВР се преземени процесни дејствија во неколку постапки, тие се како завршно дејствие на претходни предистражни дејствија кои што траеле многу повеќе од десетина дена. Така што сметам дека во рамки на она што ни е надлежност ќе настапиме, рече тој во изјава за медиуми по денешната прес-конференција на ЗНМ по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите.

Во однос на прашањето дали смета дека Христовски треба да поднесе оставка, министерот одговори дека смета дека, како што рече „не треба да навлегувам во тој дел“.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, потврди дека се стигнати анонимни пријави против Христовски, кои се здружени во еден предмет и ќе бидат предмет на истрага.

– Минатата недела во ОЈО се стигнати анонимни пријави против сегашниот директор на АНБ. Тие се здружени во еден предмет и ЈО ќе постапува. Во овој момент не можеме да ви дадеме никакви информации со оглед дека пријавите се штотуку распоредени, односно дадени на одреден јавен обвинител, изјави државниот јавен обвинител.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, е под истрага поради наводи дека неговиот сертификат за англиски јазик е фалсификуван. Според информациите, Христовски поседува ТОЕФЛ-сертификат издаден од непостоечки испитен центар во Пловдив, Бугарија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови