Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ќе ја посети Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје по повод набавката на нова медицинска опрема.
Причина за посетата е апарат – системот за навигација на одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот.