вторник, мај 20, 2025
12.5 C
Skopje

Министерството за здравство за една година потрошило 39 милиони евра на јавни набавки

Апарати за Клиниката за очни болести, резерви делови за ангиограф, лек за пациентите со мускулна дистрофија, лекови за пациенти со други ретки болести, десетина набавки на лекови за пациенти на Клиниката за хематологија, изработка на проекти за реконструкција на болници и нивна ревизија, медицинска опрема за Клиниката за кадриологија и за болниците во Прилеп, Куманово и Битол, па се до лубриканти, кондоми и тестови за ХИВ се дел од набавките кои Министерството за здравство ги направило овој и минатиот месец.

Оттука се поставува прашањето, дали Министерството за здравство од креатор на здравствена политика се претвора во биро за јавни набавки.

Институтот за граѓански комуникации неодамна излезе со податок дека од анализирани 124 државни институции ова министерство лани потрошило најмногу пари за јавни набавки, 39 милиони евра, а од друга страна било најмалку транспарентно во водењето на постапките.

Ако се разгледаат информациите на Бирото за јавни набавки паѓа во очи и податокот дека во последниве два месеци министерството има донесено и преку 70 одлуки со кои се поништуваат веќе почнати јавни набавки, така што ако и овие биле завршени, ќе имало уште повеќе набавки.

Зголемената динамика на јавните набавки е воочлива, бидејќи порано Министерството за здравство правело значително помалку набавки, односно долги години централно набавувало Фондот за здравство, а потоа набавките беа префрлени на болниците, бидејќи беше решено дека здравствените установи најдобро знаат што им треба па и затоа треба тие да си набавуваат.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови