сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

Министерството за одбрана и УКИМ ќе потпишат меморандум за соработка

Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за одбрана и УКИМ.

Меморандумот ќе биде потпишан од страна на министерката за одбрана Славјанка Петровска и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова.

Како што информираат од Министерството за одбрана, Меморандумот опфаќа повеќе форми на соработка помеѓу двете институции, вклучувајќи реализација на практична настава за студентите, давање на препораки за вработување на најдобрите студенти од УКИМ во областите од интерес на одбраната, стипендирање на студенти од критични специјалности, како и промоција на воената професија на студентите на Универзитетот

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови