вторник, април 29, 2025
21 C
Skopje

Мицкоски на конгресот на ЕПП: Македонија припаѓа во Европската унија

Европеизацијата на нашето општетсвото одвнатре е единствениот начин да се постави нашата нација на брз пат кон членство во Европската Унија, порача Лидертот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред лидерите на сестринските партии на конгресот на ЕПП што се одружва во Загреб.Мицкоски осврнувајќи се на тригодишното владеење на СДСМ говореше за корупција,непочитување на правото, целокупна политизација на општество како и неспособност да се создадат економски и социјални промени за 21 век. На 12 април тој најави промена на политичката сцена во Македoнија односно нова влада што ќе ја формира ВМРО ДПМЕ. Како Македонци припаѓаме во европското семејство затоа што споделуваме европски вредности, порача Мицкоски.

– Република Македонија припаѓа во Европската унија и затоа барам да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака. Нашата сегашна социјалдемократска влада не заслужува позитивен стимул од европските метрополи и Брисел, но нашите граѓани го прават тоа. После 12-ти април, бидете уверени дека проевропската влада ќе ги поттикне реформите и трансформативните промени во нашето општество. Јас, барам од вас, како моја последна порака дека ЕПП, како најсилно политичко семејство во Европската Унија, е носител на патот на Македонија кон членството во ЕУ. Заедно сме посилни – изјави Мицкоски.

Лобирањето за евроинтегративните процеси на Македонија беше тема на сите средби кои денеска делегацијата на опозицијата ги оствари во Загреб. На почетокот од Конгерсот се сретнаа со Доалд Туск,единствениот кандидат за претседател на ЕПП. Како што информираа по средбата тој, им ветил заложба како иден претседател на Европската народна партија да помогне ВМРО ДПМНЕ на следните парламентарни избори да формира влада, која ќе биде насочена кон евроинтеграциските процеси. Налсеникот на Јозев Дол, пред делегатите говореше дека во Европа треба да владеат партии кои ќе покажат грижа за граѓаните и ќе им дадат сигурност. Демохристијанските партии нема да ги жртвуваат вредностите како што се слободата човековите права, пристојноста во општетсвото на олтарот на безбедноста и редот, порача Туск.

Во арената во Загреб денеска и утре се одржува 24 конгрес во присуство на 2000 учесници, од 40 земји ќе се избере новото раководство на Европската народна партија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови