За среќа работата се уште не е завршена бидејќи преговарачката рамка не може да биде усвоена без промена на Уставот, рече денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што рече тој, ако Преговарачката рамка би била усвоена, тоа ќе било мат за македонскиот идентитет.
„Среќа што не ја дозавршија работата, односно немаме промена на Уставот. Ако имаше промена тие ќе ја усвоеја преговарачката рамка и тогаш ќе беше мат за македонскиот идентитет, но сега за сега работата е стабилна и така и ќе остане. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и уште некои слободоумни пратеници во Парламентот се браникот на македонскиот идентитет и нема да дозволат промена на Уставот“, рече Мицкоски.