петок, септември 20, 2024
15.8 C
Skopje

Муцунски ја посети македонската амбасада во Белград, се сретна со македонската дијаспора

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за време на неговата посета на Белград, ја посети македонската амбасада и оствари средба со македонската дијаспора во Србија, јави дописникот од Белград.

Амбасадорот Никола Тупанчевски го запозна министерот Муцунски со персоналот во амбасадата и со активностите на политички и економски план меѓу Македонија и Србија.

Во текот на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со раководството на Македонскиот национален совет во Р. Србија, предводен од претседателката Зорица Митровиќ и секретарот Марјан Јовановски, кои го запознаа со активностите на Македонскиот национален совет во остварување на културните, информативните, образовните права и изучувањето на македонскиот јазик на македонското малцинство во Србија

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови