Надојдените води од последните врнежи го оштетија патот што води кон подкорабските села во регионот на Горна река. Според информациите на локалната самоуправа на Маврово-Ростуше водата однела десетина метри од локалниот пат со што е оневозможен сообраќајот до селата Нистрово, Грекај, Бибај, Тануша, Рибница, Жужње и Нивишта. Во овој дел има дваесетина семејства кои постојано живеат во Нистрово.
Првиот човек на општината, градоначалникот Медат Куртовски, потврди дека во тој дел има прекин во сообраќајот и бил на увид.
– Засега нема можност да се интервенира, бидејќи водостојот е висок, а голема количина на вода се прелева преку патот. Откако ќе се намали водостојот, ќе делуваме и ќе го санира е оштетениот дел, рече градоначалникот на општина Маврово Ростуше во изјава за МИА.
Тој напомена дека врнежите кои деновиве биле интензивни на подрачјето придонеле за излевање на водотеците времени пречки во сообраќајот.
Од вчера, со механизација било делувано и на повеќе локации, но како што напомена на овој дел, интервенцијата ќе следува кога условите ќе го дозволат тоа.