сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

Народните избраници да ги направат сите можни измени кои ќе го отворат пристапниот пат кон ЕУ, порача амбасадорката Агелер

 

Пристапувањето кон ЕУ е од клучно значење за Северна Македонија и ги поттикнуваме народните избраници да постапуваат во интерес на граѓаните и да постапуваат што е можно побрзо и да ги направат сите можни измени кои што ќе го отворат пристапниот пат кон Европската Унија, порача денеска амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со уставните измени, таа рече дека САД го поддржува придвижувањето кон евроатланската интеграции како една долгорочна цел на Северна Македонија.

– Знаеме дека ова се тешки одлуки, граѓаните досега веќе имаат направено многу тешки одлуки, но ние поддржуваме сè што ќе ви овозможи придвижување кон тој пат, рече Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Еден од главните предизвици што ја очекува Република Северна Македонија годинава е процесот на евроинтеграција што, покрај скринингот, реформите, справувањето со корупцијата, носењето на законите и енергетската криза, ќе значи и измена на Уставот и Преамбулата на Уставот. Не се знае кога Владата ќе донесе одлука за почеток на постапката за менување на Уставот, но за да се стаса до завршувањето на скринингот во ноември потребно е тој да почне на почетокот на годинава. Дали ќе има поддршка за уставни измени, кои што произлегоа од францускиот предлог предизвикан од преговорите со Бугарија, зависи најмногу од обезбедување двотретинско мнозинство (80 гласови) во Парламентот. Засега тоа е неизвесно, иако од владејачките партии тврдат дека работат на негово постигнување.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови