четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

НАТО –  Индустриски ден во Северна Македонија

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе го отвори НАТО –  Индустрискиот ден во Северна Македонија на кој ќе учествуваат високи претставници на двете агенции на Алијансата – НАТО Агенцијата за поддршка и набавки (NSPA) и НАТО Агенцијата за комуникации и информации (NCIA). Ќе учествуваат и претставници на стопанските комори, голем број македонски компании и претставници на академската заедница.

-Покрај министерката Петровска, на отворањето на Индустрискиот ден  ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, генералната менаџерка на НАТО Агенцијата за поддршка и набавки, Стејси Камингс, и шефицата за набавки во НАТО Агенцијата за комуникации и информации,  Џенифер Аптон, информира Министерството за одбрана.

Со членството на Северна Македонија во НАТО се отвори можност за учество на македонските компании на НАТО-пазарот вреден околу 5 милијарди евра годишно. Со цел поддршка на компаниите во процесот на добивање на потребните сертификати за учество на тендерите на НАТО-пазарот, Министерството креираше Центар за поддршка на компаниите.

-Преку овој Центар се врши упис на економски оператори и се добива потврда за исполнетост на услови за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и земјите членки. Секоја година по членството во НАТО забележано е зголемување на интересот на македонските компании за упис во евиденцијата за економски оператори. Ако во 2021 година се впишани осум компании, а во 2022 – 11, минатата 2023 година 21 компанија биле внесени во оваа евиденција, а само во првите два месеца годинава бројот на компании е четири. Вкупно досега во евиденцијата на економски оператори впишани се 44 компании, соопшти Министерството за одбрана.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови