петок, ноември 8, 2024
1.8 C
Skopje

Негативни тестовите на коронавирус кај двајцата лекари кои се вратија од Мадрид

Резултатите на двајцата лекари кои во саботата се вратиле од конгрес во Мадрид се негативни на коронавирус. По тестирањето на Клиниката за инфективни болести тие ќе останат во домашна изолација во наредните 14 дена, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека Светската здравствена организација вчера ги известила дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е заболен од коронавирус.

-Тестовите на еден кинески државјанин, кој денеска пристигнал на Скопскиот аеродром и кој иако немал симптоми аеродромските служби го изолирале и веднаш го контактирале Институтот за јавно здравје бидејќи доаѓа од Кина, и на еден наш државјанин, студент во Италија, се негативни на коронавирус. Продолжуваме да ја информираме јавноста и апелираме до граѓаните да ги почитуваат и спроведуваат препораките на СЗО за заштита од коронавирус, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови